Регион

„Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија

26 Dec 2018
Компаниите „Нектар" и „Нелт" воспоставија стратешко партнерство во областа управување со логистички процеси, при што е планирано „Нелт" да биде логистички сервис провајдер во делот на складирање и транспорт. 
 
Од „Нектар" соопштија дека компанијата е меѓу првите во Србија кои почнале да користат услуги на специјализирана компанија за логистика. 
 
Во овие 20 години, „Нектар" израсна во најголем произвоител на сокови во Југоисточна Европа. Драго ни е што воспоставивме соработка со „Нелт" како реномирана во својата област. Наша крајна цел е да го подигнеме нивото на услуги кон купувачите и да го забрзаме патот на нашите производи до крајниот потрошувач, изјави Михајло Јанковиќ, директор на „Нестле Груп". 
 
Соработката меѓу „Нектар" и „Нелт", кои се вбројуваат во најуспешните домашни деловни системи, ќе овозможи секој од нас да се фокусира на основниот бизнис и да го работи тоа за што е најдобар,изјави Драгана Шрбиќ, потпретседателка за логистика за западанен Балкан на „Нелт". 

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...