„Перутнина Птуј"доби нов сопственик – „МХП група", најголемата украинска компанија за преработка на живина.
Зад компанијата стои Јуриј Косиук, милијардер од листата на „Форбс" за најбогати луѓе во светот. Неговото богатство е проценето на 1,4 милијарди долари. Тој поседува 77 отсто од „МХП", компанија која котира на Лондонската берза.
Во „МХП" очекуваат дека соработката ќе им донесе предности на производителите на живина и на вработените во „Перутнина Птуј", но и на живинарската индустрија воопшто на Балканот.
Финансискиот долг на Словенечка индустрија за челик (СИЈ), која беше сопственик на 90 отсто од акциите на „Перутнина Птуј", кон крајот на минатата година изнесуваше 334 милиони евра. Украинската компанија, пак, има свои фабрики и во ЕУ, во Холандија и во Словачка, а продавници и дистрибутивно претставништво и на Блискиот Исток и во Северна Африка. Околу 60 отсто од производите ги продава на украинскиот пазар, а 40 отсто на пазарите во повеќе од 60 земји во светот.
Се вчитува следна вест...