Регион

Хрватска ќе избира „најдобар производ на годината“ за 2019-та

11 Sep 2018
Во полн ек се подготовките за избран производ за 2019 година во Хрватска, односно за номинација на производи кои ќе конкурираат за оваа титула.
 
По успешната 2018, со второто доделување на ова признание во Хрватска и првото во Србија, изборот веќе добива и регионален карактер. Избраниот „производ на годината" е препознатлив по црвен печат за квалитет и иновација на производот, но и за задоволство на купувачите.
 
Оваа година, со титулата можат да се пофалат вкупно 17 производи на хрватски и на странски производители, кои самите потрошувачи ги истакнаа како најдобри на полиците во маркетите, учествувајќи во истражувањето на јавното мислење кое го спроведе агенцијата „Нилсен". Новиот циклус на номинација, штотуку почнат, е уште поамбициозен и ќе биде најголем до сега - бидејќи номинациите се шират и на други сектори освен на малопродажбата, како што се банкарство, телекомуникации и слично. 
 
Сите заинтересирани производители со својот производ или услуга, кој го сметаат за иновативен и добар за потрошувачите, можат да пријават на официјалната интернет страница „Избран производ на годината" и така да конкурираат за реномираниот црвен печат. 
 
„Избран производ на годината" е најголема светска награда изгласана од страна на потрошувачите, за иновација на производ или услуга за широка потрошувачка. Маркетиншкиот концепт е смислен во Франција во 1987 година. Сега се спроведува во повеќе од 40 најразвиени држави во светот со иста цел:да ги советува потрошувачите за најновите производи на пазарот и да ги награди производителите за квалитет и за иновативност.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...