Регион

„Металац“ патентира експрес лонец со дисплеј

04 Sep 2018
Републичкиот завод за интелектуална сопственост на Србија објави нов патент на фабриката за производство на садови „Металац" од Горни Милановац. 
 
Станува збор за експрес лонец со стаклен дисплеј за домашна употреба (RN 12778), кој овозможува од далечина да се гледа и да се контролира процесот на готвење во него, без воопшто да се крева капакот. 
 
Лонецот овозможува храната да се вари безбедно, готвењето да е пократко без да се испушта пареа и непријатен мирис, да се сочуваат важните состојки на храната и да има дополнителна заштеда на енергија. 

„Металац" со своето 55 – годишно искуство, во својата област е една од најдобрите фабрики во Европа. Околу 70 отсто од своите производи ги извезува во 25 држави. Тоа се околу 6 милиони садови кои се испорачуваат до купувачите во ЕУ и во Русија


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...