Регион

„Синагога“ ги зголеми приходите во првото полугодие

23 Aug 2018

Компанијата „Синагога" од Сомбор во првите шест месеци годинава оствари приход од 2,1 милијарда динари (17,8 милиони евра), што претставува зголемување за 10% во споредба со истиот период минатата година.

Порастот на „Синагога" е побавен во однос на претходната година и е остварен најмногу благодарение на големопродажбата. Порастот е значително помал во малопродажбата, увозот на хартија за амбалажа и продажба на транспортна и комерцијална амбалажа. Константниот пораст на трошоците на работење, кои се повисоки за 15%, влијаел на остварената добивка, која е за 30% пониска од минатогодишната.

И годинава, порастот го остваривме благодарение на многубројните активности за унапредување на продажбата, проактивното согледување на потребите на потрошувачите. Причините за намалениот пораст ги гледаме во намалувањето на бројот на жители, кои засилено се иселуваат во странство, порачуваат од компанијата.

За второто полугодие, „Синагога" предвидува нешто повисоко ниво на пораст, пред сè поради отворањето на новите малопродажни објекти и зголемувањето на маркетинг-кампањите.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...