Компанијата „Вернер & Мерц" соопшти дека од 1 октомври „АВТ интернационал" ќе биде увозник и дистрибутер на брендовите Erdal, Frosch, Emsal и Rorax за хрватскиот пазар.
Истовремено, му се заблагодарија на поранешниот партнер, компанијата „Алка" за досегашното управување и дистрибуција на нивните производи.
„Вернер & Мерц" ги повика партнерите да ја продолжат постоечката соработка со новиот дистрибутер: Ве повикуваме да пронајдете начин, заедно со нашиот нов дистрибутер „АВТ интернационал", успешно да ги донесете нашите брендови до хрватските потрошувачи.
Од компанијата истакнаа дека сите нивни брендови го претставуваат оригиналниот германски квалитет со семејна традиција од над 150 години, изразен низ високи еколошки иновации и свест.
Врз основа на силен пораст на меѓународните еколошки насоки, желба ни, во наредниот период да постигнеме одржлив пораст на работењето, заклучија од „Вернер & Мерц".
Се вчитува следна вест...