Регион

Отворен стечај за „Брајловиќ“

27 Jul 2018
Општинскиот суд во Сараево отвори стечајната постапка во претпријатието „Брајловиќ" од Сараево. 
 
Рочиштето за разгледување на пријавите со побарувања кон компанијата е закажано на 8 октомври, кога и ќе се одржи Собранието на доверителите, на кое ќе се одлучува за понатамошниот тек на стечајната постапка. 
 
На отворањето на стечајната постапка и претходеше постапката за утврдување на постоењето услови за нејзино отворање, по што, кон крајот на јуни, почна процесот.
 
Компанијата „Брајловиќ" е основана во 1987 година во Сараево, како приватно претпријатие во сопствеништво на Хамид Брајловиќ. До 1992 година компанијата поседуваше и синџир на месарници во Сараево. 
 
Во 1999 година почнува да работи месната индустрија „Брајловиќ" опремена според стандардите и барањата на ЕУ. Во објектот е овозможено дневно производство до 10 тони месни производи од говедско и јунешко месо.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...