Регион

„Нилсен“ именуваше нов раководител за Јадранскиот Регион

11 Jul 2018
Мирослав Тасиќ е новиот раководител за пазарите од Адриатик Регион.
 
„Нилсен", глобалната компанија за мерење и анализа на податоците, го именуваше Мирослав Тасиќ за нов пазарен раководител за Адриатик Регион. Неговиот претходник, Андреј Двојченков, ја презеде новата улога во компанијата „Нилсен", како раководител за регионот кој го опфаќа Арапскиот Полуостров и Пакистан.
 
Мирослав Тасиќ зад себе има 15 години искуство во маркетиншките истражувања и стока за широка потрошувачка, стекнато во различни региони во Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Африка. Во текот на професионалниот живот беше на различни стратешки позиции, од перспектива на агенцијата и од перспектива на клиентите.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...