Регион

Нови правила за декларирање

28 Jun 2018
Храната произведена по 15 јуни мора да биде декларирана во согласност со новиот правилник.
 
Новиот правилник за декларирање, означување и рекламирање на храната носи новости кои ќе овозможат подобра информираност на потрошувачите и детално уредување на одговорноста во работењето со храна. 
 
Субјектите кои работат со храна имаат обврска на декларацијата да ги наведат енергетската вредност, количеството масти, заситени масни киселини, јаглехидрати, шеќери, протеини и соли. Така, повеќе не може на нутретивната декларација да се наведува натриум, туку задолжително е да се наведе содржината на соли.
 
Храната произведена, пакувана во амбалажа и декларирана пред 15 јуни, која се наоѓа во магацините за готови производи кај производителите, односно во продавниците, може да се стави во промет до истекот на рокот на траење, а најдоцна до 31 декември 2018 година. 
 
Храната произведена по 15 јуни мора да биде декларирана во согласност со новиот правилник.
 
Во правилникот се пропишани и правилата за чесно информирање, односно обезбедувањето на информации за храната треба да се одвива така што да не се измами крајниот потрошувач, особено не во поглед на карактеристичните особини на храната, нејзината природа, идентитет, својства, состав, количество, трајност, земја на потекло и начин на производство.

 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...