Регион

„Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“

20 Jun 2018

Привремениот совет на доверители вчера едногласно го изгласа договорот за „Агрокор" и му даде согласност на владиниот повереник Фабрис Перушко да го предаде на суд.

Најголемиот косопственик на новиот „Агрокор" ќе биде „Збербанк" со удел од 39,2%, сопствениците на обврзници ќе имаат 25%, банката ВТБ 7,5% и „Загрепска банка" – 2,3%, изјави вонредниот повереник Перушко. Тој додаде дека од сопствениците има уште 4 хрватски компании што не се од банкарскиот сектор – „Адрис"  со 1,4% сопственост, „Франк" со 1,3% и „Сапониа" и „Сокол Мариќ" со по 0,6%.

Постигнавме договор со „Збербанк", при што договорениот модел за наплата зависи од идните резултати на групацијата и ќе биде исплатен земајќи ја предвид вкупната профитабилност на „Агрокор". Договорена е и можноста за делот во „Меркатор" да се замени со косопственички дел во „Агрокор", истакна Перушко.

Ирена Вебер, заменичка на владиниот повереник, соопшти дека текстот на договорот е комплексен, на 7.300 страници и дека на него се работело речиси шест месеци, а во последните неколку недели и деноноќно. За договорот да почне да се применува потребна е потврда од Трговскиот суд.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...