Регион

„Хајнекен“ ќе користи сончева енергија за производство на пиво

31 May 2018
Компанијата „Хајнекен" на кровот на пиварницата во Карловац постави 1.380 соларни панели, кои според проценките, годишно ќе произведуваат околу 395.000 kWh електрична енергија.
 
Произведената електрична енергија ќе се користи за потребите на компанијата, но од таму најавија дека, доколку има вишок на произведена електрична енергија, таа може да се предаде на јавната мрежа. Дополнително, прозведената енергија ќе придонесе за намалување на емисијата на јаглеродниот диоксид од 118,5 тони на годишно ниво. 
 
Проектот за поставување на соларните панели завршен за околу три месеци, а финансиран е од сопствени средства, без државна поддршка. 
 
Соларната електрана зазема 4.430 м² и сместена е на кровот од зеленото складиште. Ова складиште за готови производи со површина од 5.100 м² претставува најголемата инвестиција на компанијата реализирана минатата година, во која беа вложени 2,7 милиони евра. Изградено е според најквисоките принципи за еколошка градба. Фокусот при изграбата бил на енергетската ефикасност, користењето квалитетни и еколошки материјали и намалувањето на количеството отпад, со што градбата се вбројува во енергетско ниво А+.
Претседателот на Управата на „Хајнекен" - Хрватска Борис Милоушев порача дека компанијата и понатаму ќе работи природно, одржливо и чесно и дека нејзиниот развој ќе биде одбележан со производи од природни состојки, произведени со помош на сонцето и грижата за околината.
 
Во „Хајнекен" - Хрватска постојано се обидуваме да го намалиме штетното влијание на околината, бидејќи една од клучните стратешки одредници на компанијата е „зеленото" работење. Горди сме што успеавме да ја намалиме емисијата на јаглеродниот диоксид, успешно се справуваме со отпадот и отсега ќе користиме електрична енергија добиена од 100% обновливи извори. Со вложувањето во соларните панели уште еднаш докажавме дека сме вистински пријатели на природата, истакна Валентина Белавиќ, директорка на секторот за набавка во компанијата.
 


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...