Групацијата „Студенац“ ја лансира програмата за лојаност Сту.Клуб за словенечките потрошувачи кои купуваат во „Сту.маркети“.
Програмата вклучува попусти за првото купување, роденденски попусти, како и попусти за пензионери и разни други поволности кои дополнително ќе го подобрат искуството на купувачите во Словенија, објави компанијата на својот профил на LinkedIn.
Во јули минатата година „Студенац“ ги објави плановите да за преземање на трговскиот синџир „Kea“, со седиште во Шенџур. „Кеа“ има 31 продавница во својата продажна мрежа во областите Целје, Марибор, Прекмурје и Приморје. Просечната големина на продавницата е 250 квадратни метри. Во 2023 година, „Кеа“ оствари приход од речиси 50 милиони евра.
Во ноември, по преземањето на словенечкиот синџир, компанијата ја отвори својата прва продавница во Словенија под новиот банер „Сту.Маркет“, а оттогаш се отворени уште пет продавници од овој формат.
Ова лансирање доаѓа во посебно време за нашата мрежа на продавници во Словенија - се приближуваме до 40-те продавници, вклучувајќи ги и продавниците „Kea“ што ги купивме во септември минатата година и 6-те новоотворени „Сту.Маркети“. Со ова ги направивме нашите први чекори надвор од границите на Хрватска и продолживме да растеме на регионалниот пазар, велат од компанијата.
Од компанијата додаваат дека овој проект е само еден во низата показатели за одлична соработка во „Студенац“ меѓу Хрватска и Словенија, благодарение на што компанијата веќе постигнала резултати во првите шест месеци со кои се гордее.
Извор/Фото: „Студенац“/LinkedIn
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.