Компанијата „Нестле“ во Хрватска го доби сертификатот Equal Pay Champion, кој ја потврдува посветеноста на организацијата да обезбеди еднаква плата за еднаков труд за своите вработени.
Сертификатот е покренат од „Селектио груп“ со цел да ги препознае работодавците кои се решени да постигнат еднаквост, рамноправност и правичност во нивната организација. Така, „Нестле“ е меѓу првите компании во Хрватска на кои им е признат и награден овој пристап кон работата.
Покрај тоа што е посветена на еднакви плати, „Нестле“ нуди широк спектар на бенефиции за своите вработени. Меѓу нив се издвојуваат флексибилното работно време, „краткиот петок“ кој овозможува пократка работна недела еднаш месечно, како и „Мојот ден“, дополнителен слободен ден што вработените можат да го користат според сопствените потреби. Компанијата нуди и програма за психолошка поддршка, дополнително здравствено осигурување, а организира и бројни активности кои придонесуваат за квалитетот на работниот живот.
На вработените им се обезбедува поддршка и при враќање од родителско отсуство, така што како дел од програмата SEMFlex, вработените можат да комбинираат работа од дома со работа од канцеларија до 50% од времето месечно, а исто така им се обезбедуваат посебни поволности како што се бесплатна формула NAN млеко за бебиња во првата година, четири недели платено отсуство за татковците во првата година, како и соби за доење. По враќањето од отсуство, вработените се вклучени во редовниот годишен преглед на платите, според истите принципи кои важат за сите други вработени.
Нашата цел е да создадеме поддржувачка работна средина која им овозможува на вработените да ја балансираат работата и приватниот живот. Со воведување политика на флексибилност и поддршка, придонесуваме за постигнување родова еднаквост и создавање инклузивно работно место, изјави Тина Ѓуриш, менаџер за човечки ресурси во „Нестле“ за Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина.
Лаурентиу-Флорин Димитриу, генерален директор на „Нестле“ за Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, додаде дека е горд што „Нестле“ е меѓу лидерите на хрватскиот пазар во однос на родовата еднаквост и еднаквите плати.
Највисоката оцена што ја добивме потврдува колку сме посветени на создавање работна средина која е инклузивна и поддржувачка. Сепак, ова признание не мотивира да продолжиме да се развиваме, растеме и усовршуваме како работодавач, изјави Димитриу.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.