Регион

БиХ: Над 9.000 вработени во „Бинго“ на 8.март прекинаа со работа

10 Mar 2025

На меѓународниот Ден на жената, групацијата „Бинго“ ја прекина работата на половина час во своите 230 продавници и 11 производни погони во Босна и Херцеговина.

Време е да застанеме и да погледнеме наназад на она што е најважно, безбедноста на оние кои се столб на семејството, домот и на целото општество - безбедноста на нашите жени. Тие се и столбот на групацијата „Бинго“. Повеќе од 6.000 од нив сочинуваат две третини од нашата работна сила и ние им должиме голем дел од нашиот успех на нив. Сите продавници на „Бинго“ повеќе од 230 од нив – низ Босна и Херцеговина, со работа прекинаа: „Дита“, „Пивара Тузла“, „Инграм“, „Калетекс“, „Дука“, нашата фабрика за тестенини, нашата фабрика за хартија, „Бинго Фарма“ - сите наши фабрики, фарми и производствени компании кои работат во рамките на групацијата „Бинго“ престанаа, бидејќи е време да се запре и прекине насилството врз жените, изјави Љиљана Куносиќ, извршна директорка на групацијата „Бинго“.  

Како дел од кампањата, групацијата додели 1.000.000 конвертибилни марки (51.131 евра)  за финансирање на работата на сигурносните куќи. Покрај финансиската поддршка, групацијата најави дека ќе воведе повластено вработување за жените жртви на насилство и ќе развие внатрешни процедури за да им помогне на своите вработени кои ќе се најдат во ваква ситуација.

Дополнително, за време на получасовниот прекин на работата, вработените во групацијата ја искористија можноста да го свртат вниманието на некои од иницијативите на невладините организации, кои имаат за цел да создадат подобра законска рамка за казнување на насилството врз жените и фемицидот.

Иницијативата беше поддржана од повеќе од 30.000 граѓани ширум БиХ, како и бројни деловни субјекти, со што кампањата „Време е да се запре насилството“ стана една од најголемите општествени акции посветени на борбата против насилството врз жените во БиХ.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Бинго“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...