Регион

Хрватска: „Хајнекен“ инвестира 25 милиони евра во нова линија за полнење

03 Mar 2025

„Хајнекен“ - Хрватска започнува со инвестиција вредна 25 милиони евра, која опфаќа воведување нова линија за полнење лименки со Karlovačko пиво , изјави за порталот „Пословни дневник“, претседателот на Управниот одбор на „Хајнекен“ - Хрватска, Мод Мејбум-Ван Вел.

Како што објаснува Мејбум-Ван Вел овој инвестициски циклус е насочен кон зголемување на локалниот производствен капацитет и модернизација на опремата и ќе и овозможи на пиварницата да ја задоволи зголемената побарувачка за лименки, кои стануваат сè попопуларни во Хрватска. Таа додава дека новата линија треба да започне со работа во првата половина на оваа година.

Покрај изградбата на линијата за лименки, пиварницата го заврши поставувањето на нови хоризонтални и вертикални резервоари, кои ќе го зголемат локалниот производствен капацитет за 36%.

 Дополнително, како дел од инвестицискиот циклус е изградено ново логистичко плато од 2.600 метри квадратни, кое  обезбедува поголем капацитет за складирање, што ќе резултира со подобра ефикасност во производството и испораката на производите, а се инсталирани и нови воздушни компресори со цел оптимизирање на производните процеси.

Компанијата неодамна доби зелено светло од Министерството за заштита на животната средина и зелена транзиција за спроведување на проектот без обврска за спроведување на оцена на влијанието врз животната средина и прифатливост за еколошката мрежа, бидејќи се однесува на простор во рамките на постојниот комплекс за пивара за кој веќе се добиени дозволи. Ова одобрение ќе овозможи проектот да се заврши според планираното, навреме за туристичката сезона.

Хрватскиот пазар на пиво бележи стабилен раст, со изразен тренд на премиумизација. Туризмот значително влијае на сезонската продажба, додека потрошувачите се повеќе преферираат практични формати, како лименки - што е една од причините за нашето инвестирање во линијата, изјави Мејбум-Ван Вел. и додаде дека во последните неколку години, по пандемијата, има видливо закрепнување на потрошувачката на пиво.

 

 

 

 

Извор: Poslovni dnevnik

Фото: „Хајнекен“ - Хрватска



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...