Компанијата „Орбико“ – Хрватска ја соопшти веста дека ќе започе да ги дистрибуира прозиводите на „Линдт“ низ Хрватска.
Со „Линдт“ сега можеме да му го донесеме „подарокот на блаженство“ на секој љубител на чоколадо. Овој чекор не е важен само за „Орбико“ туку и за целиот тим кој ќе работи на проширување на присуството на „Линдт“ на хрватскиот пазар, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“.
Компанијата додава дека тие продолжуваат да се надоврзуваат на темелите на доверба, квалитет и иновации и со нетрпение очекуваат дополнително зајакнување на нивното партнерство со „Линдт“ и обезбедување производи на „Линдт“ на купувачите.
Групацијата „Орбико“ е присутна во 20 европски држави, обезбедувајќи услуги во областите на дистрибуција, логистика, маркетинг на продажба, управување со брендови и продажба. Групацијата дистрибуира овеќе од 4.000 производи во Хрватска, вклучувајќи ги производите на „Филип Морис интернешнл“. „Проктер Гембл“, „С.Ц. Џонсон“, „Шел“ „Лаваза“ и „Есте Лаудер“.
Во септември минатата година групацијата стана и мнозински сопственик на најголемиот украински дистрибутер „Сав“, а во тек е изградбата на најголемиот логистички центар на групацијата во Зденчина, вреден 40 милиони евра, кој ќе се простира на површина од 110.000 квадратни метри.
Извор: „Орбико“ - Хрватска/LinkedIn
Фото: „Орбико“/„Линдт’
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.