Вредноста на словенечкиот извоз лани изнесуваше 61,5 милијарди евра, што е за 11,8 отсто повеќе во однос на претходната година, додека вредноста на увозот е зголемена за 21,1 отсто на 69,1 милијарди евра, објави Националниот завод за статистика на Словенија.
Вредноста на извозот кон земјите-членки на ЕУ во овој период се зголеми за 1,1% на 30,9 милијарди евра, а кон земјите надвор од ЕУ за 25,1%, на 30,5 милијарди евра. Вредноста на увозот од членките на ЕУ истовремено е зголемена за 0,8%, на 32,3 милијарди евра, додека вредноста на увозот од земјите надвор од ЕУ е зголемена за 47%, на 36,8 милијарди евра.
Најважни извозни пазари беа Швајцарија, Германија, Хрватска, Италија и Австрија. Увозот по вредност е најголем од Швајцарија, а потоа следат Германија, Кина, Индија и Италија, додека најмногу се зголемил извозот во Швајцарија и Индија.
Најзастапена група на производи и во извозот и во увозот се хемиските производи кои сочинуваат 45,6% од вкупната вредност на извозот и 49,5% од вкупната вредност на увозот. Потоа следат машините и транспортната опрема (24,3% од извозот и 19,3% од увозот), производите класифицирани по материјал (12,7% од извозот и 10,3% од увозот), разните производи (6,8% од извозот и 5,8% од увозот) и минералните горива и мазива (4,7% од извозот и 4,7% од извозот и .).
Вредноста на извозот во декември е зголемена за 17,7% на годишно ниво, на 4,6 милијарди евра, додека вредноста на увозот е зголемена за 39,7%, на 5,5 милијарди евра. Покриеноста на увоз-извозот е 84 отсто, а Словенија петти месец по ред бележи надворешно-трговски дефицит од 900 милиони евра.
Извор: Seebiz
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.