Регион

Хрватска: „Лидл“ го отвори својот прв маркет во Лудбрег

29 Jan 2025

„Лидл“ продолжува да ја шири својата малопродажна мрежа во Хрватска со отворање на нова продавница во Лудбрег, на улицата Жртви на фашизмот, 1.

Првата продавница во Лудберг, исто така 110-та продавница на „Лидл“ во Хрватска, беше официјално отворена од регионалниот менаџер за продажба, Томислав Крижњак и менаџерката на маркетот, Михаела Врабец.

Покрај стандардните каси, потрошувачите во новата продавница имаат на располагање и шест каси за самопослужување. Подготвени се специјални промоции за потрошувачите, како и попусти на прехранбени и непрехранбени производи.

По повод отворањето, компанијата додели донација во вредност од 1.500 евра на градинката „Смјехуљица“ од Лудберг, со цел да ја поддржи работата на оваа еко-градинка.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“ - Хрватска



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...