Регион

Црна Гора: „Лидл“ доби согласност за изградба на логистички центар

27 Jan 2025

„Лидл“ -  Црна Гора доби одобрение од Дирекцијата на главниот државен архитект, која работи во рамките на Министерството за просторно планирање, урбанизам и државен имот (МППУД), за идејното решение на архитектонскиот проект на објектот во Зета.

Компанијата на крајот на април минатата година купи парцела од 200.000 метри квадратни во Зета, каде што планира да изгради логистички центар кој ќе ги опслужува планираните продавници во Црна Гора. Претходно беше најавено дека „Лидл’ може да отвори околу 20 продавници низ Црна Гора, со што ќе се отворат околу 1.000 нови работни места.

Предвидено е продажно-складишното место на овој малопродажен синџир да се гради на дел од урбаните парцели 225, 226 и 227 во општина Зета, што е ставено во опфатот на измените на ДУП-от „Махала“.

Вкупната бруто развиена градежна површина на надземните катови на зградата „Лидл“ во Зета е планирана да изнесува 2.584 метри квадратни. Идејното решение на архитектонскиот проект го направи компанијата „Оптимуспроџект“ од Бијело Поље.

Германскиот дисконтер неодамна повторно го зголеми капиталот во Црна Гора на 36,5 милиони евра, што е зголемување за 13 милиони евра во однос на претходниот износ.

Според регистарот на компании, основната дејност на „Лидл“ - Црна Гора во моментов е „купување и продавање на сопствен недвижен имот“, што значи дека компанијата моментално е фокусирана на обезбедување локации за своите продавници и дистрибутивен центар.

 

Извор: Bankar.me

Фото: „Лидл“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...