Регион

БиХ: Започнува дистрибуцијата на заштитните маркици за маслиново масло

27 Jan 2025

Сојузнaта министерка за животна средина и туризам Насиха Поздер во Сараево се сретна со претставници на Херцеговинската асоцијација на производители на маслинки и масло (ХУУМ) и директорот на Федералниот агро-медитерански завод, Марко Иванковиќ. На средбата се разговараше за почеток на дистрибуција на заштитни маркици за екстра девствено маслиново масло, како и за промоција на овој вреден туристички бренд на земјата, соопшти Сојузното Министерство за животна средина и туризам.

Започнуваме со дистрибуција на маркиците кои ќе ја носат ознаката „Златни капки на Херцеговина“. Станува збор за бренд за екстра девствено маслиново масло, кое има квалитет и автентичност, а кое е заштитено од Агенцијата за безбедност на храна на Босна и Херцеговина. Секој производител што ќе го добие  ваква маркица значи дека ги исполнува сите спецификации пропишани од Агенцијата за безбедност на храна за овој бренд. Овие маслинови масла се заштитени со ознака на потекло и се поврзани со местото на производство, бидејќи тие се целосно произведени во одредена географска област користејќи локални вештини и суровини, и тие имаат свое посебно пакување и мора да се чуваат на пропишаната температура и во соодветни садови, изјави Рамиз Заимовиќ, во име на Здружението на одгледувачи на маслинки.

Од Министерството наведуваат дека претставници на Здружението истакнале дека целта им е да го задржат квалитетот на маслиновото масло и дека овластените институции го заштитиле овој производ и дека сега сите корисници, односно купувачи, знаат дека овој бренд подразбира оригиналност и квалитет што доаѓа од Херцеговина.

Оттаму додаваат дека Здружението е уверено дека овој бренд ќе биде препознатлив не само во Босна и Херцеговина, туку и низ цела Европа, бидејќи наскоро ќе работат на негова заштита и промоција и на тој пазар.

Во изминатите неколку месеци е направено многу, поради што е важно да се продолжи со промовирање на маслиновото масло, неговите нутритивни и здравствени вредности и да се нагласи неговото значење во развојот на агротуризмот, изјави Поздер.

 

Извор: eKapija

Фото: Pexels



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...