Како дел од својата стратегија за хармонизација на регионот на Југоисточна Европа, „Ахолд Делез“ најави лансирање на 500 нови производи од сопствените трговски марки.
Новитетите ќе бидат лансирани како дел од приватните трговски марки во трговските синџири: „Алберт“ во Чешка, „Мега имиџ“ во Романија, „Алфа Бета“ во Грција и „Макси“ во Србија.
Лансирањето на нови производи ја нагласува целта на „Ахолд Делез“ да понуди висококвалитетни, здрави и достапни опции за купувачите низ регионот на Централна и Југоисточна Европа, се вели во соопштението на компанијата.
Со ова лансирање, се додава, групацијата надмина бројката од 800 производи од сопствените приватни трговски марки во овој регионот.
Од брендовите во чии рамки ќе бидат претставени новитетите, меѓу другите се и Nature's Promise, Perla, чоколадата Delicata и Guston.
Покрај новите лансирања, одредени постоечки производи ќе бидат ребрендирани за да се обединат под ново пакување и дизајн.
Како дел од хармонизацијата на регионот на ЦИЕ, развиваме пакување кое ќе биде конзистентно во сите земји, со ознака на сите четири јазици, објаснува Иво Тедина, директор за развој на сопствениот бренд Albert.
Со новите лансирања, групата е чекор поблиску до постигнување на својата цел за 45% удел на производи од приватни трговски марки во целиот асортиман до 2028 година.
Извор: InStore.rs
Фото: „Ахолд Делез“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.