Како дел од својата божиќна кампања, компанијата „Кауфланд“, со помош на купувачите и доброволците пожарникари, поддржа 50 хуманитарни здруженија низ Хрватска.
Како дел од кампањата, 50 доброволни противпожарни друштва предложија 100 хуманитарни здруженија, а купувачите секоја недела од почетокот на ноември до Божиќ избираа кое здружение сакаат да го поддржат преку апликацијата „Кауфланд кард“.
Искористени биле 90.000 купони за гласање, па така „Кауфланд“ благодарејќи на големиот ангажман ќе донираат по 1.000 евра за здруженијата: Центар за аутизам, Здружението „Наши деца“, Хуманитарната организација „Дора“, Хуманитарното здружение „Добра волја“, Џудо клубот за лица со инвалидитет „Фуји“, „Кријешница“, „Мал змеј“ – здружение за подобрување на квалитетот за подобрување на квалитетот на сиромашните и незгрижени деца, Здружението „ЦеЗам“, Здружението за дарители на крв – Загреб, Здружението „Деца за подобар свет“, Здружението на родители на деца со потешкотии во развојот и лица инвалидитет „Пат кон живот“, Здружението на родители на деца со тежок телесен инвалидитет и деца со потешкотии во развој „Спик“, Здржението за креативна и социјална работа – Загреб, Здружението на жени заболени од малигни болести „Онко бјути“ и Здружението „Први деца“.
Во нашата Божиќна кампања сакавме да ги вклучиме нашите купувачи и доброволните противпожарни служби со кои интензивно работевме оваа година, поттикнувајќи го духот на заедништво. Задоволни сме што ги поддржуваме организациите кои се препознаени во нивната заедница и прават вистинска разлика, изјави Ирена Толиќ Јулариќ, раководителка за корпоративна општествена одговорност во „Кауфланд“.
Извор: InStore
Фото: „Кауфланд“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.