Компанијата „Лидл“ – Србија ја отвори својата прва продавница во Пожега на адреса Књаз Милош, 50.
Свеченото отворање на продавницата се одбележа од претставници на компанијата „Лидл“- Србија и претседателот на општината Пожега, Ѓорѓе Никитовиќ.
Продавницата во Пожега ќе придонесе за уште побрз развој на малопродажбата во овој дел на Србија и ќе им овозможи на жителите од градот и околината сега полесно да ги набават производите што им се потребни, со значителни заштеди во домашниот буџет. Ветивме висок квалитет на производите и најповолни цени за нашите потрошувачи, па со нетрпение ја очекуваме можноста да ги увериме жителите на Пожега дека секојдневно го исполнуваме нашето ветување, изјави Марија Којчиќ од одделот за корпоративните комуникации во „Лидл“ - Србија.
Градоначалникот на општина Пожега, Ѓорѓе Никитовиќ, му посака добредојде на „Лидл“, посочувајќи дека е големо задоволство за секое место каде што „Лидл“ отвора продавница.
Ова е знак дека Пожега како место напредува и дека потребите на нашите граѓани се зголемуваат. Она што ни е особено важно е фактот што тука се вработија 20 наши сограѓани. Пред неколку дена луѓето од околните градови не прашаа кога ќе биде отварањето, што само по себе кажува дека Пожега станува центар на случувањата во овој дел од областа Златибор, изјава Никитовиќ.
По повод отворањето, „Лидл“ обезбеди и специјални пакетчиња Lupila baby box за најмладите жители на општината, како поддршка за сите мајки од Пожега, кои се пораѓаат во Здравствениот дом Ужице.
Исто така, покрај редовните промоции, „Лидл“ по повод отворањето подготви и специјални, славенички цени и до повеќе од 40% попуст на одредени производи.
Извор: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.