Регион

„Лидл“ ќе отвори две нови продавници во Србија

03 Dec 2024

„Лидл“ – Србија продолжува со ширењето на продажната мрежа и за во четврток најави отворање на продавници во Свилајнац на адреса Кнез Милош 4 и во Бачка Топола на адреса Главна 85.

Секогаш кога отвораме продавница во град каде што не сме имале можност да се претставиме пред потрошувачите, нè следи истото чувство на возбуда како кога, пред шест години,   почнавме да работиме. Подготовките за отворањето полека привршуваат и верувам дека во Свилајнaц и Бачка Топола, како и во сите други градови каде што работиме, ќе воспоставиме траен однос на доверба со нашите потрошувачи, изјави Марија Којчиќ  секторот за  корпоративни комуникации во „Лидл“ - Србија.

Со отворањето на овие две продавници, тимот на „Лидл“ - Србија ќе се прошири за околу 40 нови вработени кои очекуваат конкурентни услови за работа. Вработените во продажба ќе имаат можност да ја добијат и 13-тата плата на две рати во првата година од работата, 50% по 6 месеци работа, а на крајот на годината уште 50% од основната плата.

 По повод отворањето на нови продавници, „Лидл“ ќе обезбеди пакети производи Lupila baby box за сите мајки чии бебиња се родени во периодот од 12 до 18 декември вклучително со 18 декември - во породилното одделение на Здравствениот дом во Свилајнац и во Здравствен дом „д-р Јанош Хаџи“ во Бачка Топола.

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...