Регион

Хрватска: „Томи“ отвори нов дистрибутивен центар

29 Nov 2024

Трговскиот синџир „Томи“ со отворањето на новиот логистичко – дистрибутивен центар во Дугополје интегрира повеќе од своите складишни локации на едно место.

Компанијата очекува дека овој потег ќе ја зголеми ефикасноста и прецизноста на логистичките процеси, но и ќе обезбеди „побрза, поквалитетна и посигурна услуга“ за купувачите.

Објектот се простира на површина од 38.000 метри квадратни и има капацитет од 35.000 палети со различни температурни зони и режими.

Новоотворениот центар игра клучна улога во остварувањето на една од главните стратешки цели на „Томи“ - обезбедување максимална свежина на асортиманот кој вклучува овошје, зеленчук, млечни и пекарски производи, свежо месо и риба, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“.

Логистичко-дистрибутивниот центар е изграден како дел од инвестиција вредна 45 милиони евра и е дизајниран според највисоките стандарди за одржливост, со еко дизајн и вградени соларни панели.

 Во овој логистичко – дистрибутивен центар ќе работат 250 лица.

 

Извор/Фото: „Томи“/LinkedIn



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...