Регион

Хрватска: „Конзум“ ќе лансира нова приватна трговска марка

22 Nov 2024

„Конзум“ го најави лансирањето на новата приватна трговска марка - Special Moments, создадена за „љубителите на храна кои препознаваат и ценат исклучителен квалитет, богати вкусови и врвни состојки“.

Приватната трговска марка  вклучува различни видови деликатеси како што се мортадела, пршута и разни сирења, адитиви за храна како морска сол и цветна сол, маслиново масло и масло од тиква, тестенини, како и готови колачи и други десерти.

Потрошувачите ќе можат да ги купат овие производи по пониски цени користејќи ја картичката за лојалност MultiPlusCard.

Секој производ од линијата Special Moments е внимателно избран и произведен според највисоките стандарди. Зад овие врвни производи стои тим од наши колеги од различни сектори, на кои им честитаме за добро завршената работа, објави компанијата на својот профил на „Линкедин“

 

 

 

Извор: InStore

Фото: Конзум



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...