Акцијата „Ограничени цени“ влијаеше на стабилизацијата и намалување на цените на основните прехранбени производи, како и на вкупната ниска стапка на инфлација во Црна Гора, изјави Ник Ѓелосај, потпреседател на црногорската Влада и министер за економски развој и економска политика.
Како што истакна тој, во октомври бил забележан пад на вкупната стапка на инфлација за 1,2%.
Според податоците на „Монстат“ месечната стапка на инфлација во октомври e 0%, што значи дека цените во однос на септември не се промениле, изјави Ѓелосај.
Тој наведе дека е забележан е пад на цените во групата на производи „храна и безалкохолни пијалаци“ во износ од -0,1%, односно стапка на инфлација во однос на овие производи е негативна.
Имајќи го во предвид наведеното, јасно е дека акцијата „Ограничени цени“ без да го загрози континуитетот на снабдување на пазарот, влијаеше на стабилизација и намалување на цените на основните прехрабени производи како и на вкупната стапка на инфлација во Црна Гора, изјави Ѓелосај и додaде дека министерството за економски развој ќе продолжи континиурано да ги следи цените на основните прехранбени производи според утврдената методологија и согласно со тоа ќе предлага мерка со цел да се заштити стандардот на граѓаните.
Извор: InStore.rs
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.