Регион

Хрватска: „Кауфланд“ го претстави третиот Извештај за одржливост

15 Nov 2024

Компанијата, членка на „Шварц груп“, го претстави својот трет по ред Извештај за одржливост преку панел-дискусијата „Одржливост во акција“ што се одржа во Загреб.

Извештајот дава детален приказ на општествено-одговорните активности на „Кауфланд“ во Хрватска и влијанието на работењето на компанијата врз економијата, животната средина и општеството. Дополнително, извештајот вклучува податоци за постигнатите резултати од одржливите практики, како и планови насочени кон понатамошен развој на одржливиот бизнис на „Кауфланд“.

На почетокот на презентацијата на извештајот, присутните ги поздрави Патрик Рудат, претседател на компанијата „Кауфланд“, Хрватска.

Овие резултати ја покажуваат нашата посветеност на одржлив бизнис и грижа за заедницата и животната средина. Горд сум на сите општествено одговорни проекти што ги спроведуваме и одржливите иницијативи во кои учествуваме, бидејќи само така можеме да направиме промени, да бидеме пример за другите и да поставиме позитивни трендови на пазарот кога е во прашање одржливоста, рече Рудат.

Како да се соберат и анализираат податоците за влијанието на бизнисот врз животната средина и заедницата и кои се клучните аспекти на одржливоста во малопродажбата беа дел од темите за кои се разговараше на панелот. Панелисти беа, Дуња Мацоко Дрвар, регионален директор на програмата за заштита на природата во WWF Adria, Ана Зориќ, раководител на Управата за економија и финансиски систем во Министерството за финансии, Дарија Матељак, партнер и директор за Хрватска во консултантската куќа „Хауска“, Мирјана Матешиќ, директор на Хрватскиот деловен совет за одржлив развој и Марија Франиќ, раководител на корпоративните комуникации во „Кауфланд“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...