Регион

БиХ: Водата Sara со поддршка за младите спортисти

14 Nov 2024

Брендот на компанијата „Сараевски кисељак“, водата Sara, покрена нова иницијатива за поддршка на пливачките клубови низ Босна и Херцеговина. Во кампањата која ќе трае до 15 декември, дел од приходите од продажбата на водата Sara во „Меркатор“ и „Конзум“ ќе биде за четирите пливачки клубови: „Спид“ од Сараево, „Змај Алпам“ од Тузла, „Орка“ од Мостар и „22 април“ од Бања Лука.

Заштитно лице на оваа кампања е Лана Пудар, најуспешна босанско – херцеговачка пливачка која е избрана за заштитно лице на водата Sara.

Како компанија, веруваме во потенцијалот на спортот да ги инспирира и поттикне младите луѓе. Со поддршка на пливачките клубови и соработка со Лана Пудар, сакаме да ги поттикнеме младите спортисти низ БиХ да ги постигнат своите цели и да станат гордост на нашата земја. Лана е вистински пример за тоа како вербата во младите може да донесе неверојатни резултати. Нејзината посветеност, напорна работа и страст за пливање се инспирација не само за нејзините врсници, туку и за сите нас. Затоа веруваме дека низ нашата земја има многу млади луѓе кои како Лана заслужуваат можност да се истакнат и да го покажат својот потенцијал, изјави Стипе Беванда, директор на „Сараевски киселјак“.

 Како што потенцираат од компанијата, иницијативата на водата Sara  е насочена кон развојот на спортот и промоција на здравиот животен стил, со желба младите спортисти од БиХ да имаат можност за напредок и остварување на своите цели.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Сарејевски киселјак“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...