Регион

Србија: „Делез“ продолжува со ширење и модернизација на продажната мрежа

04 Nov 2024

Со отворањето на новите супермаркети „Макси“ во Ваљево, Велика Плана, Сремска Митровица и Крагуевац, како и со реновирањето на двете продавници во Белград, трговскиот синџир „Делез“ – Србија во октомври продолжи со ширењето и модернизацијата на својата малопродажна мрежа.

Новиот супермаркет „Макси“ во Ваљево на адресата Кнежа Михаил 84-86 е воедно и првиот „Макси“ супермаркет во овој град кој нуди категорија на сезонски понуди. Понудата ќе се менува според сезоната, вклучително новогодишна, летна, велигденска програма и други сезонски производи.

Жителите на Велика Плана го добија својот прв супермаркет „Макси“, на Милош Велики 97б , во рамките на трговскиот центар „Рива“. Супермаркетот кој се простира на површина од речиси 500 метри квадратни, на потрошувачите им нуди свежо овошје и зеленчук, леб и печива од пекарата „Макси“, како и широк асортиман на свежо месо и деликатеси.

Нов, четврти по ред супермаркет „Макси“ доби и Сремска Митровица, на адреса Крал Петра При 79а, како и жителите на Крагуевац, на адреса Првослав Стојановиќ 16в. Продавницата во Крагуевац се простира на површина од 500 метри квадратни и нуди широк асортиман на прехранбени и непрехранбени, како и свежо овошје и зеленчук, пакувано месо и сувомесни производи.

Покрај новите отворања, а како дел од континуираниот процес на подобрување на малопродажната мрежа, во октомври продавницата „Макси“ на Јуриј Гагарин 81, во Нов Белград, како и супермаркетот во белградската населба Баново брдо, на улица Пожешка бр. 98, беа модернизирани.

Континуираното инвестирање во проширување на малопродажната мрежа е показател за стратешката определба на „Делез“ - Србија да обезбеди на уште поголем број на купувачо можност за пријатни и квалитетни купувања во најблиското соседство, велат од компанијата.

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...