Регион

БиХ: „Виолета“ инвестираше повеќе од 40 милиони евра во „Корспак“

30 Oct 2024

Во Груде е отворена фабриката за картонска амбалажа „Корспак“, најмладиот член на групацијата „Виолета“.

Основачот и сопственик на компанијата, Петар Ќорлука, рече дека пакувањето е многу важно бидејќи е првиот контакт на купувачот со производот.

Производот без амбалажа не може да биде финален производ, бидејќи првиот контакт на купувачот со кој било производ е преку пакувањето. Почувствувавме потреба повеќе да не увезуваме амбалажа, туку да си правиме по најнови стандарди, што секако ќе ја збогати понудата во нашето производство, изјави Ќорлука.

Сопред Ќорлука фабриката почннува со околу 30 работници, а следната година во новиот погон ќе бидат вработени повеќе од 100 работници. Вкупната вредност е над 40 милиони евра, а капацитетот на фабриката ќе биде околу 60.000 тони годишно во една смена.

Извор: ekapija.com

Фото: „Виолета“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...