Регион

Србија: „Гомекс“ ја отвори својата прва продавница во Нови Пазар

28 Oct 2024

Трговскиот синџир „Гомекс“ го отвори својот прв малопродажен објект во Нови Пазар, лоциран на адреса Ослободување 22.

На свеченото отворање присуствуваа претставници на компанијата „Гомекс“, како и заменик градоначалникот на Нови Пазар, Владимир Николиќ. Тие со заедничкото пресекување на црвената лента го означија почетокот на работата на новата продавница.

Во оваа пригода компанијата врачи донира 200.000 динари на здружението „МНРО“, које дава поддршка на лицата со ментални потешкотии.

Од компанијата потенцираат дека донацијата е дел од настојувањето на „Гомекс“ активно да се вклучи во локалната заедница и да даде поддршка на организациите кои работат на подобрување на условите за живот на лицата со посебни потреби. Здружението МНРО се занимава со давање различни видови на помош и поддршка, а донираните средства ќе бидат искористени за натамошно унапредување на нивните програми.

Новата продавница е современо опремен објект во кој се вработени осум лица. На потрошувачите на располгање ќе им биде широк асортиман на производи, како и пекарница и пазарен оддел.

Отворањето на новата продаваница се одбележа со посебни акции и дегустации, како и специјално подготвени изненадувања за секој стоти купувач.

 

Извор: InStore.rs

Фото:„Гомекс“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...