Регион

6 CEO Summit во Белград – Самит на економските лидери на 3 декември во „Сава Центар“

22 Oct 2024

Шестиот по ред самит на економски лидери ќе се одржи на 3 декември во „Сава Центар“. Самитот претставува најзначаен бизнис настан на годината и единствена конференција на која сите сите говорници се нависоки раководители, сопственици и претседатели на управни одбори на најуспешните домашни, регионални и меѓународни фирми и услужниот сектор.

Конференцијата ја организира InStore Србија, а целта е да се собере бизнис елитата и претставниците на значајните меѓународни институции. CEO Summit  е наменет за директорите на компаниите, членовите на управните одбори, претставниците на државните институции и топ менаџерите, како и на сите кои тежнеат за таа позиција.

CEO Summit – Белград ќе биде фокусиран на неколку клучни теми. Ќе се говори за влијанието на вештачката интелигенција (GenAl) на трансформацијата на традиционалните корпорации, за важноста на дигиталнта писменост и иновациите за конкурентност на Србија, како и за транцизијата на лидерството во големите компании. Исто така, ќе стане збор и за предизвиците на економијата во Србија, со посебен акцент на економскиот раст, фискалната стабилнот и засилувањето на конкуренцијата.

Говорници на гонешниот самит на економски лидери – CEO Summit Белград ќе бидат:

  • Филип Цептер, претседател, „Цептер интернешнл“ 
  • Немања Видиќ, легендарен фудбален и поранешен капитен на репрезентацијата на Србија и Манчестер јунатед 
  • Стјепан Орешковиќ, основач, „БОСКУАР“
  • Марко Чадеж–  претседател на Стопанската комора & гостин изненадување 
  • Дарко Лукиќ, CEO, „Нелт група“ 
  • Виториа Габираси, Глобал маркетинг стратегист, Швајцарија 
  • Мајк Мишел, CEO, „Јеттел Србија“ 
  • Драгољуб Вукадиновиќ, претседател, „Металац“
  • Зоран Дракулиќ, претседател, „Клуб Бизнисмен“  
  • Драгијана Рандониќ – Петровиќ  , основач и партнер „МД солушн“  
  • Небојша Бјелотомиќ, експерт за дигитализација
  • Милјан Ждрале,  директор на агробизнис тимот ЕБРД за Централна и Југоисточна 
  • Милан Симиќ, каунтри менаџер, „Нортал
  • Лука Радоновановиќ, соосновач на „Б2Б СааС, експерт за иновации и примена на ВИ   

На крајот на конференцијата учесниците ќе имаат можност преку коктел сесија да поставуваат прашања на говорниците и да добијат конкретни одговори за совети на својот бизнис.

Пријави и дополнителни информации за самиот настан се достапни на  https://www.ceo-summit.rs/



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...