„Нелт група“ ја лансира новата компанија за пазарот во Романија, „Нелт Корп“, со седиште во Букурешт, која ќе ја води Гарбриел Барбу.
Откако пред три години беа лансирани операциите во Хрватска и Словенија, „Нелт“ на овој начин создава можности за натамошно засилување на присуството на европскиот пазар.
Со популација поголема од 19 милиони жители и со силен економски развој, Романија нуди стабилност и долгорочни можности за експанзија, истакна Горан Церовина, потпретседател за пазарот на Адриа регионот.
Романскиот пазар со бдп од околу 300 милијарди долари нуди деловни можности особено во Букурешт, како политички и економски центар. Со оглед на развојот на малопродажниот сектор, со значајно присуство на меѓунардниоте малопродажни синџири, локални компании и е – трговија, овој пазар за нас е многу важен и стратегиски значаен. Со се поголемиот број на странски инвестиции и засилување на логистичките капацитети, Романија се наметна како атрактивна дестинација за деловните активности во регионот, изјави Церовина, додавајќи ја големата предност на Романија со добрата поврзаност со околните пазари преку модерните транспортни мрежи.
Габриел Барбу се приклучи на тимот на „Нелт група“ после дваесет и пет годишната кариера во FMCG индустријата во областа на продажбата, маркетингот, развојот и имплементацијата на бизнис стратегиите. Искуството го стекнал во мултинационалните компании како што се „Кока Кола Хбц“ и „Хенкел“ – Романија, во која десет години бил на позицијата извршен директор.
Дополнителното позиционирање на производите Nutrino и унапредувањето на продажбата е нашата примарна цел. Долгорочно, нашиот план е да го прошириме портфолиото на брендови и да се позиционираме како сигурен и посакуван партнер, изјави Барбу.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нелт“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.