Компанијата „Имлек“, која што е лидер на домашниот и регионалниот пазар за млечна индустрија, го одбележа Светскиот ден на храната со донирање на млечни производи на Народната кујна во Белград.
Ваквиот хуман гест е дел од континуираната посветеност на компанијата кон општествено одговорното работење и грижата за заедницата во рамките на својата работа.
Донацијата на производи на „Верскиот добротворен фонд“ на Белградско-карловичката архиепископија во Белград ќе обезбеди значителна поддршка во обезбедувањето квалитетни оброци за сите корисници на Народната кујна. „Имлек“ со години ги насочува своите општествено одговорни проекти кон ранливите категории на население, со посебен фокус на најмладите, промовирање на здрав начин на живот, зачувување на животната средина и развој на локалната заедница. Потсетуваме дека повеќе од една деценија компанијата ги донира своите производи на бројни институции по повод Светскиот ден на млекото, Велигденските и новогодишните празници, Светскиот ден на училишното млеко и почетокот на учебната година, со цел да се обезбеди секој да има пристап до квалитетни и здрави прехранбени производи. Исто така, компанијата преку разни видови донации и спонзорства се труди да ги поддржи и обезбеди потребните средства за различни манифестации од хуманитарен карактер.
Светскиот ден на храната нѐ потсетува на важноста на солидарноста и заедништвото во борбата против глобалниот проблем на гладта. Како компанија која е длабоко поврзана со локалната заедница во која работи, сметаме дека наша одговорност е да придонесеме за подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани, особено на оние кои се најранливите. Со оваа донација сакаме да ја поддржиме работата на организациите кои секојдневно им помагаат на луѓето кои се соочуваат со предизвиците на сиромаштијата и несигурноста, изјави Марија Маловиќ, регионален менаџер за комуникации и корпоративни работи на компанијата „Имлек.“
Извор: InStore.rs
Фото: „Имлек“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.