Компанијата „Нестле“ – Србија неодамна свечено го одбележи почетокот на работата на новата производна линија за брендот Thomy во фабриката во Сурчин. Новата линија го зголеми повеќе од двојно производството од 40 на 100 ќесички во минута.
Оваа иновација ќе ѝ овозможи на компанијата да продолжи да ја исполнува својата мисија а таа е производство на врвен квалитет низ србија и регионот, нагласуваат од компанијата.
Мајонезот Thomy кој од 2013 година се произведува во Сурчин, е дел од асортиманот на „Несте“ речиси половина век и е глобално признат бренд благодарејќи на внимателниот избор на суровини. Овој бренд е со децении еден од најсаканите во регионот, а неговиот испех е резултат на внимално коордираниот процес од полињата со сончоглед до производните линии. Покрај тоа, како дел од програмата за регенеративно земјоделство на „Нестле“, вклучени се домашните производители на сончолед и дел од сончогледовото масло за производство на Thomy асортиманот потекнува од регенеративни извори.
Исто така, „Нестле“ активно продолжува да ги поддржува локалните производители во преминот кон регенеративното земјоделство и тоа на 3.510 хектари, за што оваа година компанијата издвои 564 илјади евра.
Потрошувачите во Србија препознаваат квалитет и постојана посветеност на одржливоста, што им овозможува да избираат брендови кои се произведуваат во согласност со нивните вредности. Програмата за регенеративно земјоделство подразбира тесна соработка со локалните земјоделски производители, со цел да се обезбеди здравје и плодност на земјиштето за идните генерации. Преку имплементација на одржливи практики, како што се плитко орање, пошумување, употреба на органски ѓубрива и покривни култури, „Нестле“ им помага да се намалат емисиите на стакленички гасови и да се зачува биодиверзитетот, изјави Рената Матусиновиќ, извршна директорка на категоријата за храна за југоисточниот регион во компанијата „Нестле“.
Во новите фабрики во Сурчин користени се 1.150 квадратни метри изолациони плочи направени од рециклирана амбалажа на производите на „Нестле“, што докажува дека циркуларната економија може да биде составен дел на современото производство на храна. Во двете фабрики се користи енергија од обновливи извори, а фабриката за прочистување на водата ја третира водата од производството и ја враќа чиста во природата во Србија.
Нашата мисија не е само да произведуваме квалитетна храна, туку и да се грижиме за заедницата и планетата. Она што го симболизира и карактеризира нашиот бренд, имено е вкусот на среќата, грижата за заедницата и животната средина, одржливоста и природните, а пред се домашните локални состојки, ги препознавме како вредности што ги споделуваме со Богдан Богдановиќ, капитенот на српската кошаркарска репрезентација, која е амбасадор на брендот Thomy, истакна и Матусиновиќ, осврнувајќи се на неодамнешната посета на славниот кошаркар во фабриката „Нестле“ во Сурчин.
Извор: InStore.rs
Фото: „Нестле“ - Србија
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.