Регион

Србија: Grand кафе продолжува со акцијата за превентивни мамографски прегледи

07 Oct 2024

Превентивните мамографски прегледи како дел иницијативата „Ајде да имаме време за преглед“, која ја спроведува Институтот за јавно здравје на Србија, „Д-р Милан Јовановиќ – Батут“, под покровителство на министерството за здравје во соработка со Grand кафе и фондот „Б92“, под слоганот „Не гледај во шолја, прегледај се“, ќе им бидат достапни на жените и во октомври, во текот на Меѓународниот месец на борбата против ракот на дојки.

Мобилниот мамограф ќе биде поставен на Калемегнад, а од 4.октомври својот ќе можат да се закаже термин во работните денови од 9 до 14 часот, преку телефонските броеви 0607171969 и 0607171523.

Од 2021 година, повеќе од 43.000 жени направиле превентивни прегледи како дел од кампањата „Ајде да имаме време за преглед“, и затоа е важно сите жени на возраст од 45 до 69 години, кои не направиле мамограф во последните две години, како и жени постари од 40 години кои имаат семејна историја на близок роднина кој боледува од или се лекува од рак на дојка да закажат термит и да направат преглед.

Важноста од превентивните мамографски прегледи ја препозна и телевизиската и театарска актерка, Анѓелка Стевиќ Жугиќ, која ја поддржа акцијата и се приклучи во борбата против ракот на дојка.

Октомври, како Меѓународен месец на ракот на дојка, се слави во многу земји во светот и има за цел да ја подигне свеста за важноста од спречување на оваа болест и да го привлече вниманието за превенција. Ние во Grand кафе четири години континуирано работиме на ширење на свеста за превенција од оваа болест и важноста од раната дијагноза. Досега во рамки на кампањата „Ајде да имаме време за преглед“ на повеќе од 43.000 жени имаат напревено дијагностите со мобилен мамографски преглед,   а заедничка цел на сите нас кои сме дел од оваа кампања е да ги поттикнеме жените да се грижат на нивното здравје. Овие податоци за бројот на прегледани жени на мобилниот мамограф, на кои сме горди, потврдуваат дека сме на добар пат да успееме во тоа, велат од Grand кафе.

Извор: Instore.rs

Фото: Grand кафе

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: Grand кафе



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...