Компанијата „Студенац“ и здружението на млади „Колектив“, по повод Светскиот ден на чистењето, кој се одбележува на третата сабота од септември, спроведоа голема акција за чистењето на брегот на Неретва во Метковиќ.
Во оваа акција учествувале педесетина вработени кои заедно со помош на членовите на „Колектив“ и здружението „Осмица“ од Карловац, собрале речиси 10 кубни метри на отпад.
Од компанијата соопштуваат дека во акцијата и избрана Неретва затоа што се наоѓа на листата на најзагрозени реки по количина на пластика која преку нејзиниот тек доаѓа до морето.
Во оваа акција „Студенац“ ја поддржа и работата на „Колектив“, од каде во иницијативата „Неретва без пластика“ организира акции за чистење на Неретва. Иницијативата на „Студенац“ ја поддржа и градот Метковиќ, а добредојде на учесниците на акцијата за чистење им посака претседателот на градското собрание, Хрвоје Бебиќ.
Акцијата е продолжение на проектот „Подземни води, чувари на животот“, чија цел е да ги едуцира потрошувачите и јавноста за важноста од зачувување на подземните води. Како дел од проектот, компанијата досега има дадено поддршка на еколошко-едукативната програма „Глоуб“ која ги поттикнува образовните институции да соработуваат со научниците со цел заштита на животната средина. Дополнително, компанијата во соработка со компанијата „Раденска Адриатик“ лансираше нова серија од водата Studena која се состои од 120.000 шишиња целосно изработени од рециклирани материјали. Компанијата ќе издвои дел од приходите од овие шишиња за поддршка на работата на еколошките здруженија „Осмица“ од Карловац и „Зелени Осијек“, кои се грижат за чистотата на подземните води.
Со овие иницијативи сакаме да пренесеме дека во „Студенац“ сме свесни дека промените доаѓаат од нас самите. Затоа, горди сме што нашите вработени, како и секогаш, масовно одговорија на кампањата за чистење и активно учествуваа во зачувувањето на вредните природни ресурси кои се темел на нашата иднина. Паралелно со заедничката работа и грижата за нашите природни ресурси, ваквите акции развиваат заедништво и го зајакнуваат тимскиот дух. Во секој општествено одговорен проект, секогаш ги вклучуваме јавните институции и еколошките здруженија со цел да ги насочиме нашите активности на најкоректен можен начин и да постигнеме позитивни промени во општеството. Затоа, особено им благодарам на нашите партнери во оваа акција што не зајакнаа со своето знаење и искуство заедно успешно да ја спроведеме, изјави Татјана Спајиќ, директорка за корпоративни комуникации во „Студенац.“
Извор: InStore.rs
Фото: „Студенац“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.