Регион

Србија: Отворени два нови „Макси“ супермаркети во Белград

01 Oct 2024

Трговскиот синџир „Делез“ – Србија во текот на септември отвори два нови и еден реновиран „Макси“ супермаркет во Белград, со што продолжи со инвестирањето и модернизацијата на својата малопродажна мрежа.

Новиот „Макси“ супермаркет е на адресата „Батајнички друм 1а, во рамките на трговскиот центар „Бн Бос“ и се простира на површина од 500 квадратни метри.

Во продавницата има широк а избор на свежо овошје и зеленчук од „Макси“ пазарот, деликатеси, пакувано месо, како и свежи печива од пекарницата „Макси“.

              

На потрошувачите на располагање ќе им бидат три стандардни и четири самоуслужни каси, како и паркинг во рамките на трговскиот центар „Бн Бос“.

Разновиден асоритиман нуди и новиот супермаркет на „Макси“ кој е лоциран на адесата Сланачки пат 74 Нј, во белградската населба „Санвил“. Во оваа продавница купувачите можат да сметаат на големиот избор на свежо овошје и зеленчук, леб и пецива од „Макси“ пекарницата, како и широка понуда на пакувано месо и деликатеси. Покрај двете стандардни, во оваа продавница инсталирани се и две самоуслужни каси.

                                

 Како дел од процесот на унапредување на малопродажната мрежа, модернизиран е „Макси“ маркетот на адреса Незнаен јунак, 2 во Белград. Широкиот асортиман на продавницата сега го дополнува и модерниот амбиент кој е креиран да поголем впечаток при секојдневното купување.

 Континуираното инвестирање во ширењето на малопродажната мрежа е показател на стратешката посветеност на компанијата „Делез“ – Србија, за им обезбеди на што поголем број купувачи можност за удобна и квалитетна набавка во најблиското соседство, соопштуваат од компанијата.

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...