Малопродажниот синџир „Гомекс“ продолжува со ширењето на својата продажна мрежа со отворање на нов маркет на Баново брдо во Белград и со отворање на реновираниот маркет во Зрењанин, на улицата „Миличева“.
Новиот маркет во Белград е на адреса Николај Гогољ 38 и во него се вработени се осум лица.
На денот на отворањето „Гомекс“ ги израдува купувачите со подароци, специјални акции и со попуст од 10% на целата сметка, додека за секој стоти купувач биле подготвени специјални изненадувања.
Реновираниот маркет во Зрењанин сега целосно располага со нова опрема. Посебно се издвојува пекарницата во која секојдневно се нудат свежо печени производи. Покрај тоа, проширена е понудата на свежо овошје и зеленчук, како и други неопходни артикли за домаќинството. На денот на отворањето на купувачите им беше овозможен попуст од 10% и специјални изненадувања.
„Гомекс“ продолжува со унапредување на својата работа со цел на потрошувачите да им обезбеди квалитетна и пристапна услуга во секој дел низ Србија, соопштуваат од компанијата.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.