„Кауфланд“ донираше над 5.000 евра на доброволното противпожарно друштво „Цветковиќ“, со што го најави продолжувањето на кампањата „Без двоумење“.
Целта на кампањата е да се даде поддршка на доброволните противпожарникарски друштва низ земјата, па така компанија на секоја од своите 50 продавници низ Хрватска (колку што ќе бидат до крајот на годината) ќе приклучи по едно противпожарникарско друштво.
На секое доброволно противпожарно друштво ќе му бидат донирани по 5.000 евра, со што вкупната вредност на донациите во рамките на проектот ќе изнесува 250.000 евра, соопштуваат од компанијата.
Донираните средства ќе се користат за модернизација на опремата која е потребна за ефикасна интервенција, како и за реновирање на простории во кои престојуваат пожарникарите и за допочнителна обука на овие друштва.
Сведоци сме на климатските промени и на нивните негативни последици. Доброволните противпожарни друштва имаат значајна улога во локалните заедници, грижејќи се за нивната сигурност, санирајќи ги штетите кои настануваат од различните непредвидени природни непогоди, како и од останатите несреќи, изјави Марко Шкорпил, директор на логистичко дистрибутивниот центар на „Кауфланд“.
Во кампањата на проектот е вклучена и реклама во која главната улога ја имаат припадниците на овие противпожарни друштва.
Извор:Instore.rs
Фото: „Кауфланд“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.