Од први октомври „Кауфланд“ – Хрватска најави ново зголемување на платите за своите вработени.
Компанијата ќе ги зголеми платите за сите вработени на неуправувачки позиции во продавниците во просек за 7%, а во логистиката во просек за 6%.
Во ова зголемување ќе биде вклучење и зголемувањето на додатокот за исхрана кој од први октомври ќе изнесува сто евра.
Летната сезона беше исклучително напорна за нашите вработени, но на крајот успешна. Во „Кауфланд“ веруваме дека само вработените кои се задоволни можат да постигнат позитивни резултати, поради што донесовме одлука да ги зголемиме платите и бенефициите, а со тоа сакаме да ги поддржиме вработените во и онака предизвикувачки времиња. Дополнително, редовно инвестираме во создавање стимулативна работна средина во која се цени напорот и посветеноста на нашите вработени, изјави Хрвоје Булиќ, директор на одделот за човечки ресурси во „Кауфланд.“
Од компанијаата соопштуваат дека „Кафуланд“ со години е на листата на Топ 10 најпосакувани работодавачи во Хрватска, која е правена според истражувањата на „Моја работа.“
Извор: InStore.rs
Фото: „Кауфланд“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.