Регион

БиХ: dm дрогерие маркт ја отвори реновираната дрогерија во Тузла

17 Sep 2024

dm дрогерие  маркт повторно ги отвори вратите реновираната дрогерија во Тузла, која се наоѓа на адреса Универзитетска 16 (ТЦ „Омега“).

Како што се наведува во соопштението од компанијата, потрошувачите во новиот и модерен амбиент ќе може да уживаат во широкиот асортиман на производи за убавина, нега, здравје, домаќинство, за мајки и деца, како и уште многу други производи.

По повод отворањето компанијата подготвила подарок торби за купувачите кои направиле сметка над 15 евра, а на сите купувачите кои направиле сметки над 35 евра добиле за подарок dm чадор.

Отворањето на реновираната продавница компанијата го одбележа и со донирање на 5.000 конвертибилни марки (2556 еу) на гимнастичкиот клуб „Салто“.

Со преуредувањето на нашите dm продавници и потрагата за нови локации, повторно имаме можност да се поврземе со локалната заедница. Оваа иницијатива ни овозможи уште повеќе да им се приближиме на нашите купувачи и да им обезбедиме пријатно искуство во купувањето. Постојано ја шириме нашата понуда на производи по поволни цени, а нашите купувачи можат да уживаат во бројните погодности преку програма за лојалност. Мило ни е што имавме можност со донација да го поддржиме гиманстичкиот клуб „Салто“, кој вложува голем труд во развојот на младите спортисти, изјави Аднан Јашаревиќ, регионален менаџер во dm дрогерие маркт.

Извор: Instore

Фото: dm дрогерие маркт



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...