Малопродажниот синџир „Гомекс“ ја прошири својата продажна мрежа со отворање на уште еден маркет во Азања во општината Смедеревска Паланка, на адреса Милије Батиниќ 9.
Од компанијата соопштуваат дека новиот маркет е уреден според современи стандарди со што на купувачите ќе им се овозможи поедноставно и попријатно купување.
Продавницата нуди богат асортиман на производи, вклучувајќи свежо овошје и зеленчук, пекарски производи од сопствената пекарница, како и широк избор на производи за домашни потреби. Ентериерот на продавницата е создаден да го олесни снаоѓањето и да го забрза процесот на купување, соопштуваат од „Гомекс“ и додаваат дека ќе продолжат да работат на ширењето на продажната мрежа и унапредувањето на производите и услугите низ Србија.
Извор: InStore.rs
Фото: „Гомекс“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.