Регион

Хрватска: „Кеа“ стана дел од продажната мрежа на „Студенац“

11 Sep 2024

„Студенац“ кој според остварените приходи во последните пет години е најбрзорастечки малопродажен трговски синџир во Хрватска,  официјално го презема словенечкиот трговскиот синџир „Кеа“.

Овој стратешки потег на „Студенац“ е почеток на ширењето на компанијата на странските пазари после континуираниот раст последните шест години во Хрватска.

Малопродажната мрежа на „Кеа“ ја сочинуваат 32 продавници кои се наоѓаат во Целје, Марибор, Прекуморје и Приморје, со просечна големина од 250 квадратни метри. Седишетто на „Кеа“ е во градот Шентјур, а минатата година компанијата остварила приходи од речиси 50 милиони евра.

Влегувањето на словенечкиот пазар е логичен прв чекор „Студенац“ да ги надмине границите на Хрватска, во кои успешно работи повеќе од 30 години. „Студенац“ и „Кеа“ делат исти вредности, а познавањето на пазарот и успесите што го карактеризираа досегашниот раст на двете компании се основа за понатамошен развој, на гордост на вработените и клиентите, соопштуваат од компанијата.

Со овој чекор напред отвораме нови можности за зајакнување на малопродажниот пазар во Словенија и сигурни сме дека ќе ни донесе одлични резултати. Мило ни е што имаме можност на словенечкиот пазар да ја претставиме нашата деловна филозофија заснована на позиционирање на потрошувачот во центарот на сè што правиме, како и нови искуства, иновации и специјално дизајнирани производни линии кои ги следат потребите на современиот купувач, вели Михал Сенцук, претседател на „Студенац.“

Својата стратегија за раст „Студенац“ ја заснова на силен раст и приклучување на помалите локални и регионални малопродажни синџири во својата мрежа. Така, од 2018 година, ја зголеми својата мрежа од 385 продавници главно во областа на Далмација на повеќе од 1.300 продавници низ целата земја, што ја прави малопродажен ланец со најголем број продавници во Хрватска. Според податоците од крајот на јуни годинава, „Студенац“ има повеќе од 6.000 вработени.

 Извор/Фото: Instore.hr

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...