Откако „Томи“ на своите вработени кои имаат првачиња им овозможи да имаат слободен ден, ја покрена кампањата „Нов почеток, нова авантура“, која опфаќа неколку важни активности поврзани со почетокот на школската година.
Најважниот настан од оваа кампања е посета на образовниот центар „Слава Рашкај“ во Сплит, кој обезбедува услуги за деца и млади и возрасни со пречки во развојот. Програмите на Центарот вклучуваат предучилишно образование, основно и средно образование, како и други работни активности, физикална терапија и слично.
На сите ученици (основно и средно образование) кои посетуваат часови во Центарот „Слава Рашкај“ во Сплит и во оделот „Каменмост’ (Општина Подбабље), „Томи“, во соработка со „Хајдук“, по повод првиот училишен ден, им подари пригодни пакетчиња со подароци во придружба на маскотата Рик, која се фотографираше со учениците и им подари пригодни подароци од новиот училишен асортиман.
Преку општествено одговорни деловни активности, „Томи“ се труди да им даде поддршка на оние на кои помошта им е најпотребна, а во текот на годината учествуваме во низа активности и проекти од хуманитарен карактер, особено оние кои се однесуваат на благосостојбата на децата и младите, соопштуваат од компанијата.
Извор: Instore.hr
Фото: „Томи“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.