Регион

Црна Гора: Ограничување на маржите од денеска до крајот на јануари 2025 година

06 Sep 2024

Министерот за економски развој и потпретседател на Владата на Црна Гора, Ник Ѓељошај, најави дека денеска официјално почнува кампањата за ограничување на маржите и ќе трае до 31 јануари следната година.

При оваа државна акција, производите ќе бидат означени малку поинаку од претходната слична мерка, рече Ѓељошај на прес-конференцијата по седницата на Владата и додаде дека логото за означување на производот ќе се разликува од минатата кампања „Ограничена цена“, а повеќе информации за кампањата потрошувачите ќе можат да најдат на веб-страницата на Владата.

Граѓаните ќе можат да купат повеќе од 1.000 производи по ограничени цени. Во рамки на кампањата ќе има ограничени маржи на 66 прехранбени и хигиенски производи, а во споредба со претходната кампања „Ограничени цени“, на листата на производи сега се наоѓаат овошје, зеленчук, повеќе видови месо и средства за лична хигиена.

Претходната мерка, со која маржите за пет основни прехранбени производи се ограничија на пет отсто, останува на сила. Тој список вклучува пченично брашно (тип 400 и 500), гранулиран шеќер, сончогледово масло за јадење и кујнска сол по килограм, без оглед на тежината.

За прехранбениот сектор, маржите се ограничени на 10 проценти. Владата, исто така, ги ограничи маржите за хигиенски производи, до максимум 10 проценти во големопродажба и 15 проценти во малопродажба.

Извор: InStore



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...