По пожарот што кон крајот на јуни избувна во фабриката „Бамби“ во Пожаревац, работите на санација и реставрација на оштетените производствени линии се во тек, а најавени се и инвестиции во изградба и проширување на капацитетот на фабриката.
Дополнително, и покрај новонастанатата ситуација, сите работни места во компанијата ќе останат целосно сигурни, соопштија од компанијата.
Сепак, како што велат од компанијата, поради штетите предизвикани од пожарот, динамиката на производството ќе се прилагоди на расположливите капацитети, па може да се очекува Plazma и одредени брендови во одредени пакувања да не бидат континуирано достапни на сите точки на продажба и на сите пазари.
За нас најважно е што никој од вработените и луѓето кои учествуваа во гаснењето на пожарот не е повреден. Нашите тимови напорно работат на реорганизирање на деловните планови, за што поскоро да се вратиме на секојдневните деловни рутини. Неизмерно сум им благодарен на сите мои колеги кои покажаа неверојатен труд, посветеност и подготвеност да се прилагодат на ситуацијата. Особено сме горди на фактот дека сите работни места во „Бамби“ ќе бидат целосно сигурни во оваа ситуација. Агилноста и посветеноста на вработените се клучни во овој предизвикувачки период, за да можеме да продолжиме да им ги нудиме на нашите лојални потрошувачи нивните омилени брендови, истакна Драган Стајковиќ, генерален директор на компанијата „Бамби.“
Иако производниот капацитет кој не беше зафатен од пожарот беше пуштен во употреба, дел од производните линии ќе треба да се обноват за да може производството да продолжи со полн капацитет. Моментално работиме на приоретизирање на портфолиото и согласно капацитетите на производните линии ќе се промени структурата на портфолиото, како и достапноста на производите. „Бамби“ секако продолжува да ги пласира своите производи, но можеме да очекуваме дека во одреден период што следи, Plazma и одредени брендови нема секогаш да бидат достапни на сите продажни места и на сите пазари. Сите знаеме дека Plazma е многу повеќе од бисквит, тоа е вкус кој го одбележа растењето на многу генерации. Затоа нашите напори се насочени кон изнаоѓање на оптимални решенија за што поскоро враќање на нормалното работење, а од сите наши лојални потрошувачи, клиенти и партнери бараме разбирање и малку трпение, рече Стајковиќ..
Компанијата „Бамби“ пред пет години стана дел од групацијата „Кока-Кола ХБЦ“, а како што истакнуваат многу им значи што не се сами во сето ова.
Новите околности целосно ја променија деловната динамика на нашата компанија, но и ги забрзаа нашите развојни планови. Во ваква ситуација, за нас е исклучително важно што зад нас стои голем систем како што е „Кока - Кола ХБЦ“. Со огромна поддршка и експертиза на нашите колеги од групацијата, инвестираме во градење, реновирање и проширување на капацитетите, како и изнаоѓање начини да продолжиме да ги произведуваме сите наши производи со полн капацитет што е можно поскоро. Токму затоа во споменатото реновирање ќе инвестираме уште повеќе од првичниот план, согласно највисоките можни стандарди, заклучи генералниот директор на компанијата „Бамби“.
Извор: InStore.rs
Фото: „Бамби“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.