Регион

Хрватска: „Студенац“ доби финансиска поддршка од ЕБОР

15 Aug 2024

Трговскиот синџир „Студенац“ ќе добие кредит од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во вредност од 40 милиони евра.

Од компанијата соопштуваат дека овој кредит ќе биде наменет за аквизции на одредени прехранбени синџири како и за нови инвестиции.

Со кредитот ќе се поддржат настојувањата на компанијата за нејзино проширување и работење како и дополнително ќе ја унапреди ефикасноста и профитабилноста, соопштуваат од ЕБОР.

Проектот, исто така, ќе го поддржи подобрувањата во енергетската ефикасност на „Студенац“ преку имплементација на високоефикасно осветлување, климатизација и опрема за ладење во постоечките и во  новите продавници.

ЕБОР го поддржуваше „Студенац“ и во претходните години, финансирајќи го проширувањето на компанијата. Така, во април 2022 година беше одобрен кредит во вредност од 37,13 милиони евра како дел од проектот за преземање на трговските синџири „Пемо“ и „Лониа“. Тој проект вкупно вредел речиси 90 милиони евра. Минатата година ЕБОР даде и кредит од 17,75 милиони евра за проект вреден 35,5 милиони евра за подобрување на енергетската ефикасност во продавниците, како и за „зајакнување на развојот на човечкиот капитал“ преку отворање нови можности за вработување за украинските бегалци.

 

 

Извор: SEEbiz



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...