Регион

Србија: „Делез“ со поддршка за домашните производители

14 Aug 2024

Големите малопродажни синџири треба да купуваат од домашни добавувачи и производители, особено кога станува збор за земјоделски и сточарски производи - ова е еден од главните заклучоци од денешната средба на директорката на компанијата „Делез„ – Србија, Горица Јововиќ, нејзините соработници и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Александар Мартиновиќ.

На средбата беше посочено дека покрај намалувањето на обемот на увоз на овие производи на овој начин, ќе се обезбеди голема шанса за подобрување и зголемување на обемот на домашното производство, а се зборуваше и за планирани идни активности и едукација поврзана со производителите, како и можности за проширување на асортиманот на стоки од домашно потекло.

Нагласувајќи дека „Делез“ – Србија  продава свежо говедско, пилешко и свинско месо исклучиво од српски добавувачи, претставниците на компанијата ја истакнаа важноста да им се даде поддршка на земјоделците за подобрување и проширување на нивното производство, со цел да се обезбеди континуитет на снабдување со српски производи.

Исто така, од „Делез“ му посочија на министерот дека компанијата има амбиции за проширување на асортиманот на риба, органска и веганска храна, што отвора дополнителни можности за локалните производители.

Извор: InStore.rs

Фото: „Делез“ - Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...